Компилација на Моцарт најпродавана во 2016-та година

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Universal Music Group по повод 225 годишнината од смртта на музичкиот гениј Моцарт на 28 октомври издаде обемна компилација од неговата музика. За само пет недели комплетот кој според издавачот е „плод на долгогодишно истражување и планирање“ се продаде во 1,25 милиони копии.

Билборд, кој го објави „победникот“ на најпродавани албуми ја прогласи компилацијата за најуспешна. Според бројот на продадени албуми, технички го брои секое поединечно продадено ЦД. Бидејќи секој од спомнатите комплети на Моцарт содржи 200 дискови, само околу 6000 луѓе се заслужни за неговиот успех на топ-листата.