Компјутер пресмета кој ќе ја освои ЛШ, сега се зависи од вас!

од Vladimir Zorba

Останаа уште осум клубови кои ќе се борат за трофејот во Лигата на шампионите, по до сега невиден систем, па време е за прогнози и пресметки!

Добро познатиот портал „Euro Club Index“, кој детално се занимава со статистика и параметри важни во фудбалот, пресмета врз основа на неговата методологија и кој ќе биде победник на најважниот клупски куп во Европа, па прашање е дали тој ќе биде во право?

Според нивната проценка, најголеми шанси има Манчестер Сити (24%), но Баерн не е далеку од нив со 21% шанса да се искачи на „покривот“ на Европа.

Интересно е што овие две екипи ќе се сретнат во полуфиналето на Лигата на шампионите доколку Манчестер Сити го нокаутира Лион, односно ако Баерн е подобар од Барселона, додека трет фаворит е Пари Сен Жермен, кој игра против Аталанта. Ним им е дадена шанса од 18%, а на ривалот само 2%.

Веќе споменатата Барселона, која игра со Баерн, има процент помалк, а потоа следат Атлетико Мадрид (13%) и Лајпциг (4%), кои играат меѓусебно во четвртфиналето.

Лион има најмала шанса да ја освои Лигата на шампионите со проценка од 1%.

Развојот на настаните во Лигата на Европа, каде се игра полуфиналето, беше исто пресметано од компјутер. Најголеми шанси им се дадени на Манчестер Јунајтед, а потоа и на нивниот ривал Севиља.

Слични содржини