Компромисот меѓу С. Македонија и Бугарија ја гарантира иднината, тврди француската амбасадорка во Софија

од Nikola Popovski
141 прегледи

Сите заедно, Бугарите, Македонците, како и француското претседателство со Европската унија, работевме заедно за да може Европа да биде посилна, за историските проблеми меѓу Бугарија и РС Македонија да наидат на поголемо разбирање, вака изјавила амбасадорката на Франција во Софија, Флоренс Робин.

„Бевме отворени, ги слушавме и двете страни и мислам дека успеавме и постигнавме компромис кој ќе ја гарантира иднината и пријателството меѓу народите“, нагласила амбасадорката Робин.

Според неа, Европа во моментов мора да биде обединета пред огромните предизвици што ги носат многуте кризи со кои се соочуваме.

„Сега повеќе од кога било европскиот континент треба да биде заедно, сите ние треба да се здружиме за да ги надминеме сите тешкотии и предизвици со кои се соочуваме, затоа повеќе од сè е важно, иако сме различни, да бидеме обединети и да се движиме напред заедно“, повикала Робин.

Слични содржини