Нема промена во последниот предлог, вели француската амбасадорка во Софија

од Nikola Popovski

Во Бугарското собрание, лидерот на партијата „Преродба“, Костадин Костадинов информира дека ќе инсистираат протоколот за укинувањето на ветото за почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ да не се потпише, додека не се објасни документот, како што вели, „што го ревидирал Париз“.

Последниот предлог на Франција до Бугарија и Северна Македонија за решавање на спорот е идентичен со првичниот што беше изгласан во бугарскиот парламент, изјавила за „Euronews“, француската амбасадорка во Софија, Флоренс Робин, пренесува „БНР“.

„Предлогот не се разликува од првиот и целосно ги штити правата на малцинствата, вклучувајќи ги и Бугарите и нема потреба од ново разгледување“, рекла дипломатката.

Синоќа истото го потврди и бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска.

Слични содржини