Комунална хигиена – Скопје: Исфрлени рекордни 650 кубици отпад од домовите во Скопје

од Nikola Popovski

ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека во рамките во рамките на акцијата за собирање кабаст отпад што ја спровеле во периодот од 18 до 22 мај, во сите скопски општини, граѓаните исфрлиле вкупно 650 кубни метри отпад, составен претежно од стар мебел и неупотребливи електронски и електрични уреди.

„За празнење на поставените садови, ЈП Комунална хигиена-Скопје ангажираше 20 работници на терен, со употреба на три специјални комунални возила-самоподигнувачи и две возила наменети за собирање кабаст отпад-патарки“, велат од претпријатието.

Според директорот на КХ, Абдусамед Шабани, жителите на градот Скопје покажале огромен интерес за акцијата и уште при првиот ден беа преполнети речиси сите 40 поставени садови.

„Додека за времетраењето на целата акција нашите екипи реализираа 130 тури за собирање и транспорт на собраниот отпад. Очекуваме дека оваа акција значително ќе придонесе за намалување на бројот на диви депонии на територијата на градот“, истакна Шабани.

Слични содржини