Кон: Имаме тешки случаи и кај децата

од Stefanija Kuzmanovska

Имаме тешки случаи и кај децата, не се регистрирани многу од нив, но постојат и затоа треба да се внимава, изјави епидемиологот Предраг Кон за „Н1“, зборувајќи за маски во градинките.

Тој рече дека се подготвени упатства кои ќе им бидат испратени на тие установи. Вели дека состојбата со бремените жени ќе се следи, со оглед дека одреден број од нив се хоспитализирани, па дури и се во сериозна состојба. Запрашан за одење на базени, тој наведе дека постои одреден степен на ризик.

Говорејќи за градинките и носењето маски кога станува збор за децата, Кон изјави дека тие во суштина се носат, но дека во ситуации кога е невозможно да се обезбеди непречено носење, како што е случајот со градинките, „тогаш евентуалн може да има некои исклучоци“.

„Градскиот завод за јавно здравје подготви допис во врска со употребата на маски во градинките, и сите градинки ќе добијат упатства во кои се наведува дека треба да се трудат да носат маски, но дека има и други начини – држење дистанца, работа во мали групи“, наведе Кон.

Иако е намален бројот на посети во градинките и иако може да се работи во помали групи, тоа не е ниту едноставно, ниту лесно, па затоа мора да бидат вклучени разни експерти, педијатри, додаде тој.

Споменато е дека на возраст до две години не треба особено да се инсистира на носење маски, но исто така е факт дека сме во ситуација кога вирусот е насекаде околу нас и дека секоја личност, буквално, може да биде во контакт со истиот без притоа да биде свесна, истакна Кон.

„Имаме тешки случаи и кај децата, не се регистрирани многу од нив, но постојат, затоа треба да водиме сметка“, нагласи лекарот.

На прашањето за бремените жени, со оглед декамеѓу нив има некои кои се во тешка состојба, на респиратори, тој изјави дека во првиот бран, „овој проблем не беше опишан во нашата земја и во светот, што значи дека не беше толку вообичаен“. Ќе ја следиме состојбата со бремените жени, исто така рековме дека младите го надминуваат ова полесно, но во голем број заразени лица има случаи кои се тешки, рече тој.

Кон истакна дека сите треба да се придржуваат кон мерките, да ги носат задолжителните маски во затворено, да се грижат за растојанието и да ги мијат рацете, додавајќи дека нема подобри мерки од тоа.

Што се однесува до базените, тој рече дека сите места за собирање се места на ризик. Водата се хлорира и ако се почитува бројот на оние што можат да бидат во базенот – објективно не постои ризик, но јавните базени се претставени како место на ризик од меѓународните здравствени институции, додаде тој.

„Постои одреден степен на ризик за кој сите мора да бидат свесни“, потенцира епидемиологот.

Слични содржини