Кон Врање за вакцина: Нов бран македонски државјани ќе биде вакцинирана во Србија

од Берта Китинска
175 прегледи

Нова група од околу 800 граѓани на Македонија викендов ќе биде вакцинирана против вирусот Ковид-19 во пунктот за вакцинирање во Здравствениот дом во Врање – во Спорската Сала на булевар АВНОЈ.

Можност за пријавување сè уште има но од Спона велат оваа акција била направена во време кога во Македонија сè уште немаше масовна имунизација. Најверојатно повеќе нема да организираат бидејќи српскиот претседател Вучиќ најави бесплатна вакцинација за сите македонски државјани.

Преку Спона досега биле организирани околу 2.000 граѓани претежно од помладата популација. Претходно пред речиси три месеци над 15.000 македонски државјани добија можност да се имунизираат во Србија со АстраЗенека.

Министрите за здравство на Македонија и Србија се во преговори да се отвори пункт поблиску до границата каде би се одвивала ревакцинација.

Министерот за здравство Венко Филипче,  изјавата на српскиот претседател за бесплатна вакцинација на граѓаните на Македонија, ја оцени како чин на добрососедство, кој го почитуваат.

-Разговарав со министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар за тоа дали може да се организира нов пункт, кој би бил поблиску за ревакцинација на македонските граѓани. Тој зема обврска за тој процес да го организираме.Разговараме тоа да биде центарот на Ниш или Врање, но останува да се договориме, вели Филипче.

Министерот рече дека досега на сајтот за ревакцинација немало ниту 1000 лица пријавени.

Слични содржини