Кондовски ветува бесплатен јавен превоз во Битола

од Nikola Popovski
344 прегледи

Кандидатот за градоначалник на Битола, Христо Кондовски ветува бесплатен јавен превоз во работните денови.

-Тоа значи бесплатен јавен превоз во два термини дневно, односно во претпладневните и во попладневните часови. Преку оваа значајна мерка очекувам да се зголеми атрактивноста на јавниот превоз што ќе ги промени животните навики на граѓаните за превоз до работното место и назад. Зголеменото користење на јавниот превоз во ударните периоди од денот ќе придонесе за:

Значително намалување на сообраќајниот метеж;

Намалување на учеството на возилата во вкупниот % на патувања во градот,

Драстично намалување на загадувањето кое доаѓа од возилата.

Оваа значајна мерка ќе се реализира преку соодветен систем на електронски картици, кои прецизно ќе го регистрираат искористувањето на истата. Мерката ќе се реализира под мотото: „Јавниот превоз се враќа во мода“, потенцира кандидатот на СДСМ.

Слични содржини