Кондовски: Водат црна кампања против мене со памфлети низ градот, на кои ми го згрешиле датумот на раѓање

од Nikola Popovski
647 прегледи

Битолчани и јас сметаме дека ова е најцрната предизборна кампања досега во историјата. Вадат памфлети низ градот за мене, дури го згрешилеи мојот датум на раѓање, вели кандидатот на СДСМ за градоначалник во Битола, Христо Кондовски во дебатната емисија на МТВ 1.

Тој информира дека во црната кампања се вадат клевети за неговото семејство и мајка.

-Нашите фамилии ќе се сретнат на Широк сокак. Тоа е срамно во кампањава што се прави. Не треба да се гледаме на нишан. Јас до вчера не бев ни во политиката и со сите сум пријател, но сум разочаран од противкандидатот од СДСМ, за тоа што ми го прават со црната кампања, рече Кондовски.

Тој потенцира дека од негова страна се води најпозитивната кампања, за што добиле признание и од ОБСЕ.

Слични содржини