Државната изборна комисија на Црна Гора денеска ги објави конечните резултати од парламентарните избори одржани на 30 август, според кои ДПС на претседателот Мило Ѓукановиќ освои 30, коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 27, коалицијата „Мирот е нашата нација“ 10 и платформата „Црно на бело“ „четири мандати.

Социјалдемократите и Бошњачката партија ќе имаат по тројца пратеници, а СДП двајца, пренесува порталот „Вјести“.
Како што се наведува, албанскиот список „Ник Џелосај-Генци Ниманбегу“ и коалицијата „Једоногласно“ ќе имаат по еден претставник.