Менаџметот на Британецот Ентони Џошуа ја прифати понудата на Тајсон Фјури за мечот кој треба да се одигра на 3 декември.
Минатата недела Фјури (34) го шокираше светот на боксот кога му понуди шанса на Џошуа да се бори за WBC титулата во тешка категорија, под услов борбата да се одржи пред крајот на 2022 година.
Во меѓувреме, тимот на Џошуа „258“ се согласи со понудата на Фјури, вклучително и поделба на сите приходи за 60:40 (се споменува бројката од 75 милиони фунти), а во вторникот додадоа дека сега го чекаат одговорот на шампионот.
Сега никој не се сомнева дека одговорот на Тајсон ќе биде позитивен и дека конечно ќе до дојде „Битката за Британија“, судирот на двајца од најдобрите тешкаши од Островот во последната деценија, иако многумина сакаа да ја гледаат таа борба пред 3-4 години.
„Ги прифативме сите услови на Фјури и мислиме дека 3 декември би бил идеален датум. Секако, ќе ја почитуваме одлуката на Тајсон, доколку тој се чувствува поинаку“, се вели во соопштението од менаџерската агенција на Ентони Џошуа.
Anthony Joshua’s management have confirmed they have accepted Tyson Fury’s terms for a fight on December 3. pic.twitter.com/4IvFDRcO27
— Sky Sports News (@SkySportsNews) September 13, 2022
Сè уште не се споменува местото каде што треба да се одржи борбата, но некако најреално е дека тоа ќе биде Кардиф. Се споменува и легендарниот „Вембли“, каде на почетокот на годинава, пред речиси 100 илјади фанови, Фјури го нокаутира Дилан Вајт.
Џошуа неодамна беше поразен од Александар Усик во Џеда и во реваншот, па ова е добра шанса со евентуална победа да се врати на големата сцена.