Конечно изгасната ФБ групата „Мојата жена“. Над 32.000 Италијанци споделувале интимни фотографии од сопругите

од desk2
15 прегледи

„Фејсбук“ конечно ја избриша италијанската група со над 32.000 корисници во која се објавувале интимни фотографии на жени, често пати снимени без нивно одобрение. Групата наречена „Мојата жена“ (Mia moglie), која имала над 32.000 фотографии конечно е избришана, по отприлика 6 години.

Чести коментари под фотографиите биле пофалби за тајното снимање. Групата постоела од 2019 година.

Оние кои ги постирале фотографиите често прашувале „Што мислите за мојата сопруга“ или „Што би ѝ правеле на жена ми“.

Мета, матичната компанија на Фејсбук, потврди дека ја затворила страницата „поради кршење на политиките за сексуална експлоатација на возрасни“.

Илјадници луѓе во Италија веќе ја пријавиле групата за кибер криминал. Во Италија од 2019 година одмаздничката порнографија или споделувањето на сексуално експлицитни содржини, што требало да останат приватни, е прогласена за незаконска.

Италијанската писателка Каролина Каприа изјави дека се чувствува мачно и е престрашена поради тоа што го видела.

„Ова поврзување на насилство со сексуалноста е толку вкоренето во нашата култура, мажите не ги кријат своите имиња и лица и пишуваат во јавна група“, порачува Каприа.

Слични содржини