Големата ѕвезда на Барселона, Лео Меси откри зошто повраќа на теренот и на крајот како се справил со овој проблем.
Неколку пати, Аргентинецот беше забележан како повраќа за време на натпревари и шпекулациите со оваа негова ситуација, отидоа многу далеку.
Некои медиуми дури тврдеа дека едвај не страдал од некое заболување, но вистината за оваа непријатност се покажа сосема поинаква.
„Долго време си дозволував да јадам само штетна храна, како чоколадо, ароматизирани газирани пијалаци и други работи, но тоа не ми правеше никаков проблем. На крајот сепак во еден момент почнав да повраќам и мораше да сменам нешто“, открива Меси, цитиран од Goal.com.
„Сега јадам здраво и јадам риба, салати и други корисни работи, имам добра исхрана и проблемите ги нема“.