Конференција за современите предизвици во јавната администрација

од desk4
64 прегледи

Целта на конференцијата е да ја истакне улогата на партнерство за надминување на современите предизвици преку презентирање на практиките на земјите, како и соработката за унапредување на државните служби и научените лекции.

На конференцијата ќе се обратат министеорот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски, директорот на Управниот одбор на Центарот за државни служби во Астана Аликхан Баименов, српскиот министер за јавна администрација и локална самоуправа, Бранко Ружиќ, косовскиот министер за администрација Махир Јагчилар.

Обраќања ќе имаат и државниот секретар во МИОА, Јахи Јахија, директорот на Регионалната школа за јавна администрација Ратка Секуловиќ и претставник на финансискиот менаџмент на СИГМА-ОЕЦД, Мирослава Борицзка.