Конгресната комисија ќе препорача три кривични пријави против Трамп

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Американската конгресна комисија, која води истрага за минатогодишните немири во Капитол, наводно ќе препорача три кривични пријави против поранешниот претседател Доналд Трамп, јавува Би-Би-Си.

Предложените обвиненија против Трамп вклучуваат бунт, објавија американските медиуми во петокот.

Комисијата се очекува да го објави својот конечен извештај следната недела.