293
Конгресот на САД го усвои законот за економска помош вреден скоро 900 милијарди долари, кој ќе им помогне на граѓаните на САД, но и на приватни компании кои беа погодени од пандемијата на коронавирус.
Претставничкиот дом и Сенатот, исто така, усвоија закон кој се однесува на финансирање на владините агенции, а претседателот Доналд Трамп треба да го потпише законот во наредните денови, објави АП.
Пакетот помош, претставен во понеделникот попладне, поминал низ Претставничкиот дом и Сенатот за само неколку часа, додава АП.
Сенатот го прифатил пакетот за економска помош со 92: 6 гласови во корист на законот, откако претходно бил одобрен од Претставничкиот дом со 359: 53 гласови.