Конгресот на САД го бара „Роденденскиот албум“ на Епстин

од desk2
27 прегледи

Комисијата на Претставничкиот дом на САД кој ги истражува злосторствата на Џефри Епстин побара предавање на нови документи, меѓу кои и албумот со пораки за неговиот 50. роденден, јави Би-Би-Си.

Официјалното барање потпишан од претседателот на комисијата, Џејмс Комер, означува проширување на истрагата.

Албумот го составила Гислејн Максвел во 2003 година и содржи пораки од бројни познаници, меѓу кои и наводна честитка со потпис на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој ја негираше автентичноста и поднесе тужба за клевета.

Во албумот на Епстин 50 имиња: Освен Трамп, тука е и Бил Клинтон

Од извршителите на оставината се бара да ја достават книгата до 8 септември, заедно со договори за доверливост, тестаментот на Епстин и други документи што би можеле да се толкуваат како список на клиенти вмешани во трговија со луѓе или сексуални злосторства.

Иако Министерството за правда и ФБИ тврдат дека таков список никогаш не постоел, шпекулациите не престануваат. И самата Максвел, која издржува затворска казна, негираше дека постои.