Претставничкиот дом на Конгресот на САД започнува нова истрага за контакти на претседателот Доналд Трамп, објави Радио Слободна Европа.

Целта е да се разјасни дали одлуките на претседателот и неговото опкружување не се диктирани од финансиски интереси.

Веста беше објавена од страна на претседателот на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, демократот Адам Шиф.

“Истрагата не е ограничена само на Русија или Саудиска Арабија, туку потенцијално  ја опфаќа секоја партија што би можела да влијае врз членовите на администрацијата во поглед на нивните финансиски интереси”. – коментираше Шиф.

Сепак, предмет на истрагата ќе бидат активностите на Русија во 2016 година и контактите меѓу руските официјални лица и луѓето на Трамп. Покрај Комитетот за разузнавање, ќе бидат вклучени и други комисии.

  Иницијативата на  Адам Шиф значи дека демократите нема да запрат со проверките за финансии на Трамп и неговото опкружување по завршувањето на истрагата на спецобвинителот Роберт Мулер за руската интервенција во САД политички систем.

Доналд Трамп остро реагираше на иницијативата на Шиф, дефинирајќи ја како “ситна потрага”, а самиот Шиф како “политичар”. Според него, “нема основа за таква истрага”.

Конгресменот Адам Шиф, пак, истакна дека ќе продолжи со својата работа без да му дозволи да попушти на  закани или притисок.