Конкурс „Бибер“: Од 490 раскази избрани 24, еден автор од Македонија

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Од вкупно 490 пристигнати раскази на шестиот регионален конкурс за кратки раскази „Бибер“, жирито во состав: Алмин Каплан, Јасна Димитријевиќ и Тања Ступар Трифуновиќ, избра 24 кои ќе бидат вклучени во повеќејазичната збирка „Бибер 06“, што ќе биде објавена до почетокот на март 2025 година.

Меѓу авторите од различни земји од регионот, Македонија е застапена со еден автор – Драган Симоновски, кој учествува со расказот „Снегот“.

„Бибер“ е конкурс за краток ангажиран расказ на албански, македонски, босански, хрватски, српски и црногорски јазик. Неговата тема е помирувањето, во контекст на наследството од војните и насилствата во земјите од поранешна Југославија. Конкурсот поттикнува раскази кои придонесуваат за намалување на омразата, прекинување на предрасудите, соочување со минатото и градба на подобра иднина.

Овој конкурс е организиран од тимот на „Бибер“ во рамките на Центарот за ненасилна акција Сараево – Белград.

Резултати од шестиот конкурс за краток расказ „Бибер”

Слични содржини