Констатирани оставките на Ковачевски и Џафери, дел од пратениците аплаудираа

од Nikola Popovski

Денеска Собранието на 139. седница ги констатира оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери. При констатацијата, дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ги проследија оставките со бурни аплаузи.

Инаку, и двајцата оставките ги поднесоа вчера како вовед на изборот на техничката влада на 28 јануари.

Политичките партии ќе го известат претседателот на државата Стево Пендаровски дека во Парламентот имаат мнозинство, по што тој во попладневните часови ќе му го предаде мандатот за формирање на техничка влада на Џафери. Техничкиот мандатар во сабота ќе достави програма и состав на Влада до Собранието.

Составот на техничката Влада е веќе познат откако политичките партии ги објавија предлозите за министри и за дополнителни заменици министри.

Слични содржини