Конститутивната седница на Собрание на РМ- 18-та епизода!

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, и никако да дојде до избор на претседател. 

Во досегашниот тек од расправата главна темае  барањето на  ВМРО-ДПМНЕ да се оди на нови избори.

Од СДСМ, пак, сметаат дека со расправата не се почитува собранискиот Деловник и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираат за теми кои не се поврзани со точката на дневниот ред. Тие бараат да се премине на гласање на следната точка од дневниот ред, односно избор на претседател на Собранието.

ВМРО ДПМНЕ сега е за лидерска средба , и продолжува со тематската блокада и режирана расправа , во стилот  на турска серија, поради истите аргументи и вокабулар,  и имаат намера така да тераат така се до нови избори, и блокада на  избор на претседател на парламент и нова влада.

СДСМ најавува дека ќе изврши пресврт со гласање на парламентарното мнозинство, за што имаат поддршка од маеѓународната заедница , ама не се знае кога ли ќе се решат на тој чекор !?

Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но по верификување на пратеничките мандати беше прекината, а сега  е во постојано заседание но блокирана преку  деловнички играрии на претседавачот Трајко Вељановски.