Научно истражување покажува дека жените кои јадат повеќе од препорачаните три пати неделно риба за време на бременоста, раѓаат деца со поголем ризик од дебелеење.
Истражувањето објавено во “Журнал оф Американ Медикал Асосиејшн”. Научниците утврдиле поврзаност помеѓу поголемото количество риба, кое идните мајки го јадат и ризикот од дебелеење на детето, но не се докажани причините за таквата зависност.
За бремените жени не е добро да претеруваат со рибата за време на бременоста, бидејќи иако е корисен развојот на мозокот на фетусот, рибата содржи поголемо количество загадувачи од водите во кои живее, а меѓу нив е пример живата која може да биде многу опасна.
Истражувањето е направено меѓу повеќе од 26 000 бремени жени вклучувајќи ги и нивните деца до 6 годишна возраст.