Раководството на Интер започна преговори со поранешниот тренер на Италија, Антонио Конте,
пишуваат во Италија. Стратегот нема клуб од крајот на минатата сезона, кога беше отпуштен од
Челзи. Оттогаш неговото име е поврзувано со Јувентус, Рома и Милан.

Според информации на весникот „La Repubblica“, извршниот директор на Интер, Бепе Марота веќе
имал средби со експертот и двајцата воделе прелиминарни разговори. Се вели дека Интер е
подготвен да потроши 80 милиони евра за назначувањето на Конте. 28 милиони од оваа сума ќе
биде за отплата на сегашниот ментор Лучано Спалети, додека другиот дел ќе биде за платата на
Конте.
Чудно или не, сепак, Марчело Липи јавно го советува својот добар пријател Конте да не го преземе
овој чекор и да чека за подобра понуда.
Интер може да добие сериозни дополнителни пари од продажбата на Мауро Иркарди, кој изгледа
ќе го напушти клубот во текот на летото.