„Концентрационен логор за животни“: Иницијатива за затворање на Зоолошката градина во Битола

од Vladimir Zorba
290 прегледи

Деновиве е покрената Иницијатива за затворање на Зоолошката градина во Битола поради лошите услови за живеење на животните таму. До сега за иницијативата се изјасниле над 1.160 граѓани, од кои повеќето се за нејзино затворање.

„Зоолошка градина во Битола ниту е соодветно ниту хумано место за животните. Тие живеат мизерно во кафези и негрижа“, вели во објавата и седоава дека пренасочување на животните во живеалишта во кои ќе имаат услови за нормален живот за решение.

Се додава дека треба да се едуцираат граѓаните и идните генарации за морални вредности, што е хумано и на кој начин треба да се грижат за животните и средината во која живеат.

„Тоа е концентрационен логор за животни, под итно да се затвори, уште повеќе што поголемиот број Битолчани немаат никакви чувства за животните“, „Ако нема услови за животните, треба да се затвори, не само зоолошката во Битола, туку и многу други треба да се затворат!“, „Ова не е золошка ова е мачилиште за животните мизерија и срам за градоначалникот на Битола“, се само дел од коментарите на граѓаните кои ја поддржуваат иницијативата.

Слични содржини