Во рамките на Денови на македонската музика, вечерва во Музеј на град Скопје ќе се одри концертот „Приватна музика“ на Кокан Димушевски.

На концертот Кокан Димушевски ќе се претстави со своите најнови остварувања на полето на електроакустичната музика, меѓу кои се и композиции наградени на Конкурсот за нови музички дела на Министерството за култура на Македонија.
Фестивалот 41-ви Денови на македонската музика се одржуваат од 22 март до 5 април во организација на Сојузот на композиторите на Македонија