„Трио џентлмен“ составено од тројца оперски пејачи – тенорите Дејан Стоев и Јане Дунимаглоски и баритонот Кристијан Антовски ќе одржат концерт „За дамата“ вечер од 18.30 часот во Културно-информативниот центар на РСМ во Софија.
Ќе бидат изведени македониски композиции, евергрини, македосни народни песни и италијански канцони, аранжирани за триото. Композициите ќе бидат изведени во придружба на гитара.
На нивниот репертоар покрај класични композиции, се и најголемите светски поп-хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси, како и македонското творештво.
Триото постои околу четири години, но веќе има целовечерни концерти и е дел од големи манифестации во земјава и во странство.
Имаат учествувано на фестивали во Бугарија – „Романсијада” во Софија во 2015 година освоија прво место со награда за професионалност и оригиналност, а минатата година на меѓународниот фестивал „Златен костен” во Петрич освоија второ место од стручното жири.