Концерт во чест на Мајка Тереза

од Vladimir Zorba
107 прегледи

   Под покровителство на Град Скопје, а во организација на Дирекцијата за култура и уметност вечер ќе се одржи концерт „Дојди, биди моја светлина“, во рамки на Деновите на Мајка Тереза. 

На концертот ќе настапат хорот „Св. Злата Мегленска“, под диригентство на Летка Димовска Полизова, како и Камерниот оркестар „Скопски солисти“, под диригентската палка на Бисера Чадловска.