Коп: Најитната потребна работа во Македонија е да се промени менталитетот

од Vladimir Zorba
298 прегледи

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп во интервју за „360 степени“ изнесе критики и порача дека на патот кон ЕУ потребни се реформи во судството и владеењето на правото истакнувајќи дека тие промени „можеби се проблематични за некои одредени интересни групи, но би биле многу добро за граѓаните ако тие одлуки се донесат“.

„Најитната работа која е потребна е да се смени е менталитетот. Земјата навистина треба да сака да стане членка на ЕУ“ рече Коп.

Тој додаде дека земјата треба да биде внимателна во зачувувањето на прореформската демократија, заштитата на слободата на говорот и да ја чува релативната независност на медиумите и дека без овие работи каков било напредок не би бил можен.

Холандскиот амбасадор додаде дека се останато што треба да направи земајва, зависи од нас самите и нашите приоритети.

„Северна Македонија вели дека сака да е членка на ЕУ и затоа треба, во таа рамка, прецизно да ги одреди приоритетите. Јасно е дека за Холандија најголема загриженост е владеењето на правото, но на крајот ова е ваша, а не наша земја“ рече Коп.

Слични содржини