„Ние чекаме предолго на вас. Затоа што неопходните реформи можеа да бидат направени пред 10-15 години, а не беа направени. Неиздржано е да се зборува за евроскептицизмот од тој асепкт, дури е и навредливо, зашто после 20 до 30 годоини поддршка за да влезете во ЕУ, прашањето е каде се милијардите, каде се и што се случи со обуките што ги спроведувавме? Зошто сите нови правила и регулативи не се правилно имплементгирани? Дали е тоа прашање на менталитетот?“, рече амбасадорот на Холандија, Дирк Јан Коп во интервју за Македонската телевизија.
„Наши даночни обврзници ги платија вакцините за коронавирусот за Западен Балкан. Европската комисија пред неколку месеци даде дополни 200 милиони евра за Владата на Северна Македпнкија поради високите цени на енергенсите и инфлацијата иако и нашите даночни обврзници беа соочени со истиот енергетски проблем и високите цени. Слушам кога се вели дека повеќе пари даваме за Бугарија, Романија, Грција, а не за земјите од Западен Балкан… Па да одговорам вака: Дали вие треба џепарлак да давате за своите деца или и за децата на соседите и тоа во ист износ? Смешно е“, кажа амбасадорот.
Според него, вистинскиот проблем е што луѓето немаат доверба во институциите.
„Таа доверба е десет пати помала во споредба со земјите од ЕУ. Луѓе се жалат на судовите, обвинителството, полицијата… Добиваме писма и мејлови. Па ние не сме слепи“, остар беше Коп.