Копија на Мона Лиза од 17 век продадена за 552.500 евра

од Aleksandar Petrovski
309 прегледи

Копија од 17 век на сликата „Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи денеска е продадена на аукција во Париз за 552.500 евра.

Цената што ја постигна сликата е многу повисока од првичната проценка, која беше помеѓу 70 и 90 илјади евра.

Оригиналната Мона Лиза, на која сликарот почнал да работи во 1503 година, е изложена во музејот Лувр повеќе од 200 години.

Се верува дека на сликана Лиза, сопруга на трговец со свила од Фиренца, Франческо дел Џакондо.

Слични содржини