Претседатeлите на Северна и на Јужна Кореа се договирја на историскиот самит за денуклеаризација на корејскиот полуостров.

Претседателот на СевернаКореја Ким Јонг Ун и на Јужна Кореја Мун Џае Ин со заедничко соопштение објавија дека се договориле за нуклеарно разоружување, но за сега нема детали како ќе се примени спогодбата.
Пред тоа, Ким Јонг Ун најави „нова ера“ на односите со Јужа Кореа во текот на историскиот состанок во демилитаризираната зона меѓу двете Кореи.
Ким е прв водач на Северна Кореја кој стапна во демилитаризираната зона со Јужна Кореа која полуостровот го дели од крајот на Корејската војна во 1953 година.
Спгодбата вклучува:
– Прекин на „непријателски активности“ меѓу двете земји
– Преименување на демилитаризираната зона во „зона на мирот“ и престанување со емитување пропаганда
– Намалување на конвенционалното вооружување и попуштање на напнатоста
– Најава на трипартитни преговори со САД и Кина
– Спојување на разделените семејства од двете Кореи
– Модернизација на прекуграничните железнички линии
– Заеднички настап на спортски манифестации како Азиските игри
Претставниците на двете Кореи прво се ракуваа, по што Ким Јонг Ун рече дека се надева на „искрен“ разговор.
Само пред неколку месеци неговиот тон не беше ни малку пријателски, Денес атмосферата е поинаква – се водат разговори за мировен договор и нуклеарно разоружување.
Дневниот ред однапред е договорен, но аналитичарите се скептични дека Северна Кореја ќе биде отворена за разговор.