Кориере: Игуаин на заем од Јуве во Рома

од Vlatko K
161 прегледи

Јувентус ќе и го позајми на Рома својот напаѓач Гонзало Игуаин, пишува „Кориере дело спорт“.


Рома за услугите на Игуаин ќе треба да плати шест милиони евра, а доколку бидат задоволни од
неговите настапи, можат и да го откупат неговиот договор за кој ќе треба да платат 27 милиони
евра.

Истиот извор додава дека се чека само прифаќањето на договорот од страна на Аргентинецот, за
договорот меѓу двата италијански клубови да биде официјален.

Новиот тренер на Јуве, Маурицио Сари преферира технички потковани играчи кои можат да
учествуваат во создавање напади, затоа се повеќе размислува за поставување на Роналдо на
врвот на нападот.