Корона-биланс: 29 новозаразени и 50 оздравени

од Nikola Popovski

Согласно последниот корона-пресек, Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 3.856 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на Ковид-19.

Билансот по градови изнесува: Скопје – 8, Куманово – 3, Прилеп, Тетово, Битола, Гостивар, Охрид, Виница и Кратово по 2 и по еден случај од Велес, Радовиш, Делчево и Демир Хисар.

Исто така регистрирани се и 50 оздравени пациенти од Скопје – 39, Куманово, Прилеп и Битола по 2 и по еден од Виница, Кочани, Кичево, Гевгелија и Свети Николе.

Слични содржини