Локален автобус што ги поврзува двете предградија на градот Латина, во јужната италијанска провинција Лацио, може да биде нов кластер, пишува весникот „Ла Република“.
Утврдено е дека еднa студентка којa билa во автобусот ималa позитивен тест за „ковид-19“, па властите на локалната здравствена установа ги повикале сите оние кои се возеле со тој автобус на 29 и 30 септември од 7:30 до 12 часот, веднаш да направат тестови.
Бројот на новоинфицирани лица во Латина расте од 25 септември, кога се одржа предизборен митинг на партијата „Лига“ во блискиот град Терачина, на кој присуствуваше и лидерот на партијата Матео Салвини.
Од оние кои присуствуваа на собирот, неколку десетици подоцна беа позитивни на вирусот корона, вклучително и луѓе со кои Салвини подоцна вечераше во ресторан.
Во последните 24 часа во Латина има 49 новозаболени лица.
Апелот за итно тестирање на оние кои патувале со автобус во кој била заразена студентката е „трка со времето“ со цел евентуално да се идентификуваат и изолираат другите случаи на инфекција, пишува весникот „Ла Република“.
Корона кластер во автобус во Италија: Студентка заразена со Ковид-19, властите ги повикаа останатите патници итно да се јават