Корона-криза: Агенцијата за вработување нема официјални податоци за бројот на невработени лица во моментов

од Nikola Popovski

Агенцијата за вработување не ги објавува официјалните податоци колку нови лица се пријавиле како невработени во јуни и јули поради отказ од работа.

Според она што е официјално на сајтот од март до мај, бројот на невработени во земјава се зголемил за нови 15.371 лица. Неофицијално во јули бројката се намалила, заради државната  помош која ја зеле фирмите и биле обврзани да го задржат истиот број на вработени, но нема официјален податок колку лица во моментов се невработени.

Бизнисот побара што поскоро формирање Влада, за да има нов сет мерки со кој ќе се спасат работните места. Во спротивно најавуваат и можно преполовување на вработените – посебно во текстилната индустрија.

И додека земјава нема податок ниту анализа колку лица добиле отказ од работа поради корона-кризата, дури и некои од земјите од регионот, бројките за изгубени работни места ги објавуваа заедно со бројот на новозаболени со вирусот. Босна денеска објави дека најмалку 32.000 лица изгубиле работа од почетокот на корона-кризата. А Британија пак брои 220.000 помалку вработени во вториот квартал, или регистрираше најголема загуба на работни места од 2009 година.

Слични содржини