Корона-криза: Велика Британија ќе се соочи со тешки проблеми какви што не виделе во последните неколку векови

од Nikola Popovski
86 прегледи

Велика Британија најверојатно ќе биде погодена од најтешката економска криза во последните неколку векови, откако економските активности практично замреа како резултат на пандемија на коронавирусот, предупреди во четвртокот еден од стратезите на централната национална банка, Банката на Англија (BE).

Јан Влиег, член на комитетот за утврдување на каматни стапки на Банката, предупреди дека „врз основа на раните показатели и искуството на другите земји, кои пред Велика Британија биле погодени од пандемиската криза, се чини дека се соочуваме со економски пад што е побрз и подлабок од сè што сме претходно виделе во минатиот век, а можеби и повеќе векови наназад“.

„Пандемијата и мерките за изолација предизвикаа драматичен шок во каналот за снабдување затоа што луѓето не работат, но и во каналот за побарувачка, бидејќи карантинот ги наруши моделите на обична потрошувачка“, рече Влиег.

Тој додава дека индексот PMI покажува, на пример, дека секторот за финансиски услуги се справува многу подобро со кризата отколку производството или текстилната индустрија.

Министерството за финансии и економија соопшти дека владата ќе треба да позајми 180 милијарди фунти (223 милијарди американски долари) во наредните три месеци за да плати за невидени мерки што ги презеде за да се спречи колапсот на економијата.