Бројот на пациенти со коронавирус утрово во светот надмина 79 милиони, според сајтот „worldmeters.info“.
55,6 милиони луѓе (97 проценти) официјално оздравеа, а 1,73 милиони луѓе (три проценти) се починати, стои во бројките објавени на сајтот.
Во светот има 21,5 милиони активни случаи или 99,5 проценти, додека 106 000 луѓе или 0,5 проценти се во тешка состојба.
Лидер по бројот на заразени во светот се САД, со скоро 19 милиони заразени, Индија е втора со 10 милиони, а Бразил е трет со 7,3 милиони.