Корона пасошот ќе биде достапен од 15 јуни: Ќе ги содржи следниве информации

од Stefanija Kuzmanovska
306 прегледи

Европскиот комесар за единствен пазар Тиери Бретон го претстави „европскиот здравствен сертификат“ за вакцинација, кој ќе им биде достапен на граѓаните од 15 јуни, но додаде дека нема да биде задолжителен.

„Знаеме како ќе изгледа идниот здравствен сертификат, кој ќе биде достапен од 15 јуни. Тоа ќе биде документ со информации за вакцинација и антитела развиени против коронавирус “, рече Бретон.

Тој посочи дека сертификатот треба да биде достапен во дигитална верзија или на хартија. Тој додаде дека треба да го издадат министерствата за здравство на земјите од Европската унија.

Сертификатот или пасошот, како што го нарекуваат некои медиуми, ќе има информации за државјанството, видот на вакцината и антителата.

„Документот ќе го содржи вашето име, презиме, датум на раѓање, државјанство, број на пасош проверен со QR-код, без разлика дали сте биле вакцинирани или не, видот на вакцината и дали сте носител на вирусот“, рече Бретон, кој им ја покажа на новинарите верзијата на сертификатот.

Бретон рече дека постои можност документот, иако не е задолжителен, да биде препорачан за патување со авион, учество во важен настан или влегување на јавно место. Во отсуство на тој документ, неопходен е негативен PCR тест.

Европскиот комесар рече дека забрзувањето на испораката на вакцини ќе ѝ овозможи на Европа да ја види „светлината на крајот од тунелот“, и покрај третиот бран на епидемијата на коронавирусот што се шири во Европа.

 

Слични содржини