Корона-протоколи: Простување со починатите од Ковид по посебни правила

од Берта Китинска
614 прегледи

Ковид – 19 „чумата на 21 век“ не само што ни наметна нови животни навики и протоколи по кои треба да се однесуваме, туку го измени и начинот на простување со ближните кои имаат починато од коронавирус.

Погребувањето на позитивни лица од коронавирусот е процес кој се одвива во неколку фази, дефиниран по строги протоколи.

Од болничките устaнови за „Локално“ велат дека откако ќе почине лице позитивно на Ковид 19 неговото тело се пренесува во одделот „Просектура“ каде лицата задолжени од погребалниот сервис ги спроведуваат до службата.

-Во нашиот оддел се пренесуваат телата па починатите лица, нивната облека се пере и дезинфицира. Семејството се контактира, а понатамошната процедура ја превзема погребалниот сервис кој е избран по договор со семејството на починатиот, објаснуваат од скопските клиники.

Според процедурата, која е пропишана за постапување со телата на починати лица во домашни услови што се сомнителни или потврдени на Ковид-19, не смее да се допира или да се бакнува мртвото тело од страна на семејството, не смее да се пренесува телото и веднаш семејството треба да повика локален оперативен сервис за погребување.

„Локално“ во разговор со граѓанин кој сакаше да остане анонимен, на кој пред некоку дена му почнал близок член на семејството, кој бил позитивен на Ковид, ни кажа дека телото на починатото лице го добил во пластична кеса, откако од институциите му рекле дека праксата да се ставаат телата во лимени ковчег е прекината.

-За болничкото лекување немавме никакви трошоци .Процедурата за погребување во лимен ковчег дознав дека била прекината 2 недели пред да почине татко ми. Исто така, 60.000 денари чини еден лимен ковчег, а сето тоа се трошоци на адреса на семејството, вели Б.Ш.

Од погребалниот сервис „Бутел“ велат дека нивната служба строго се придржуваат до Протокол од Министерството за здравство.

-Преземањето на починатото лице се одвива по строго пропишан ред без разлика дали станува збор за преземање на лицето од болничка установа или во домашни услови. Нашите вработени се целосно опремени со заштитна опрема (скафандер, маски, визир, ракавици и се дополнително), возилото кое се користело за превоз веднаш потоа се дезинфицира соодветно, велат од Управата на Бутел Погребен Сервис.

 

 

Слични содржини