КОРОНА-ВЕНЧАВКА ВО БОЛНИЦА: Маж во тешка состојба стапи во брак додека се бореше за здив

од Stefanija Kuzmanovska
322 прегледи

Раководството на една болница во Полска, кое е задолжено за хоспитализација на пациенти со тешки заболувања на белите дробови, вклучувајќи ги и оние кои страдаат од коронавирус, се изненадило кога во нивната канцеларија пристигнало барање за организација на венчавка во еден од одделите.

Младоженецот бил човек сериозно болен со коронавирус и во тоа време единствен пациент. Болничарите биле сведоци, а еден од нив се погрижил да се фотографира церемонијата, а присуствувал и свештеник облечен во заштитен комбинезон.

– Поради тешката состојба на мојот сопруг, навистина сакавме тоа да се случи што е можно побрзо – напиша невестата во благодарното писмо. Портпаролот на болниците во Померанија истакна дека посетите се многу ретки за време на пандемија.

– Поради уникатноста на ситуацијата, решивме да направиме исклучок – вели Малгорзата Писаревиќ и додава дека венчавката морала да се одржи во согласност со сите безбедносни процедури.

Приказната за венчавката за време на пандемијата излезе на виделина по повод благодарницата што невестата ја испрати до управата на болницата. Нејзината содржина е објавена на профилот на болниците во Померанија.

– Поради тешката состојба на мојот сопруг, навистина сакавме тоа да се случи што е можно побрзо. Уште повеќе ви благодарам што го остваривте тоа за многу кратко време. Инаку, би сакале да им се заблагодариме на вашите вработени за помошта, без овие луѓе тоа немаше да биде можно. Од една страна, толку важен момент, многу радосен, а од друга страна, непријатен, што во такви околности, благодарение на љубезноста на сите вас, можеше да се случи – стои во писмото испратено до болничките власти.

Здравствената состојба на младоженецот сè уште се опишува како сериозна.

Слични содржини