Короната и понатаму прави хаос во светот: Авиокомпаниите откажуваат стотици летови секој ден

од Vladimir Zorba

Авиокомпаниите ширум светот продолжија да откажуваат стотици летови поради проблеми со персоналот кој страда од Ковид-19, што го нарушува патувањето планирано за божиќните празници, кои се меѓу најмасовните во годината.

FlightAver, веб-страница за следење летови, наведува дека речиси 1.000 летови од и кон САД биле откажани во саботата, а 690 ден претходно, пренесе АП.

Повеќе од 250 летови се откажани денеска, но на веб-страницата FlightAver не се наведува причината.

„Делта“, „Јунајтед“ и „Џет Блу“ објавија во петокот дека ширењето на „омикрон“ варијантата на коронавирусот предизвикува проблеми со персоналот, што пак води до откажување на летовите.

„Ова беше неочекувано“, рече портпаролката на „Јунајтед“ за ширењето на „омикрон“ меѓу персоналот.

Според веб-страницата FlightAver, три авиокомпании откажале повеќе од 10 отсто од нивните летови планирани за сабота, а American Airlines откажала повеќе од 90 летови во саботата, што е околу 3 отсто од вкупниот планиран број.

Портпаролот на „Американ ерлајнс“ Дерек Волс потврди дека откажувањето на летовите е резултат на болест на персоналот и „одење на боледување поради инфекции со коронавирус“.

Европските и австралиските авиокомпании исто така беа принудени да ги откажат своите летови за време на празничната сезона поради истите проблеми.

Слични содржини