Бројот на заразени со Ковид 19 расте од ден на ден во Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија. Според најновите податоци, БиХ забележа најголемо зголемување на бројот на случаи на коронавирус во целиот регион.
Дури 340 нови случаи на коронавирус беа потврдени во текот на денот во БиХ, а осум лица починаа.
Во текот на 24 часа пред последниот пресек на состојбата во Федерацијата на БиХ, тестирани се 1.601 примероци за коронавирус, од кои 234 беа позитивни.
Во Република Српска, во истиот период биле тестирани 471 лабораториски примерок, а коронавирусот е потврден кај 106 лица, додека се пријавени седум смртни случаи, објави Институтот за јавно здравје на Република Српска.
Во Хрватска се регистрирани 255 нови случаи на инфекција со коронавирус, а бројот на активни пациенти во моментов е 1.689.
Меѓу нив, 127 пациенти се во болница, од кои 13 се на респиратор. Нема починати лица.
Удвоен бројот на заразени за еден ден
Во последните 24 часа, 1.159 лица биле тестирани за коронавирус во Словенија, меѓу кои биле потврдени 34 нови случаи на заразени, објави словенечката влада.
Ова е двојно повеќе од претходниот ден, кога во еден ден имало 17 новозаразени.
Во болницата во Словенија има 16 лица поради инфекција со коронавирус, но на ниту еден од нив не им е потребна интензивна нега, соопшти словенечкото Министерство за здравство.
За време на епидемијата, вкупно 1.827 случаи на заразени биле откриени во Словенија, а денес, според официјалните проценки, има 256 активни случаи.
Според најновиот пресек на состојбата во Албанија, во претходната 24 часа се потврдени 158 нови случаи на коронавирус, а две лица починале.
Во Северна Македонија, во истиот период биле тестирани 1.653, а регистрирани се 118 нови случаи. Починати се тројца пациенти
Хрватска на уште една „црна листа“
Во последните 14 дена, Хрватска има вкупно 33,4 заразени на 100.000 жители, што ја рангира меѓу 10-те земји со најголем број заразени во Европа, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
Најлоши бројки во споменатиот период има во Шпанија, каде што дури 132,2 се заразени на 100 000 жители, а потоа следат Луксембург и Малта со нешто повеќе од 98 заразени.
Што се однесува до околните земји, Австрија, која ја стави Хрватска на „црвената листа“, има 26,8 заразени, соседна Словенија 12,4, Италија 10, а Унгарија е најдобра, каде во последните две недели се регистрирани само 4,4 заразени.