Министерството за здравство информира дека во последните 24 часa направени се 1.774 тестови, а регистрирани се нови 792 случаи нa ковид-19, што е зголемување во однос на вчерашните бројки.
Билансот во последните 24 часа по градови изнесува: Скопје – 370, Битола – 62, Кавадарци – 41, Куманово – 39, Велес – 32, Прилеп – 31, Тетово – 29, Охрид – 27, Кичево – 22, Струмица – 18, Гостивар и Свети Николе – по 14, Штип и Гевлелија – 13, Неготино – 11, Кочани и Крива Паланка – по 9, Ресен – 8, Радовиш – 6, Струга и Дебар – по 5, Демир Хисар – 3, Делчево, Берово, Валандово и Крушево – по 2, Багданци, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број позитивни лица, регистрирани се 203 реинфекции, а регистрирани сe и 317 оздравени пациенти. Во министерството информираат дека во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од системот на „Мој Термин“ се регистрирани две починати лица од Скопје (79г) и Гостивар (75г). Двајцата се починати во домашни услови и се пријавени за починати во период од 14 до 18 јули
Досега во земјата се направени вкупно 2.102.378 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 320.598, бројот на оздравени пациенти е 307.658, на починати е 9.345, а бројот на активни случаи изнесува 3.595.