Короната не стивнува: Повторно висок број на починати

од Nikola Popovski

И во вчерашниот ден ковид-статистиката покажа висок број на починати. Регистрирани беа 28 починати лица.

Според билансот по градови, 11 починати лица се од Скопје (81г, 78г, 78г, 77г, 76г, 75г, 74г, 72г, 72г, 65г и 58г), по 3 починати лица од Струмица (85г, 78г и 74г) и Тетово (77г, 69г и 69г), по 2 починати лица од Гостивар (78г и 63г) и Куманово (68г и 45г), по едно починато лице од Битола (74г), Кичево (78г), Валандово (83г), Кавадарци (74г), Гевгелија (87г), Охрид (59г) и Струга (62г).

Од пријавените 28 лица, 26 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

Заклучно со 12 септември во Македонија од ковид-19 починале 6.277 лица, а според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) меѓу нив се 31 здравствен работник, седум трудници и пет пациенти кои се воделе како реинфицирани.

Досега во земјата се направени вкупно 1.238.106 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 185.450 бројката на оздравени пациенти е 166.099, на починати е 6.367, а бројот на активни случаи изнесува 12.984.

Слични содржини