Короната однесе 21 живот, од кои 20 биле со коморбидитети

од Nikola Popovski
397 прегледи

Последниот ковид-пресек покажа 12 починати лица од корона.

Црниот биланс по градови изнесува 5 починати лица од Скопје (55г, 66г,74г, 74г и 78г), 2 починати лица од Тетово (69г и 78г) и по едно починато лице од Прилеп (88г), Охрид (88г), Струга (75г), Битола (85г) и Кочани (74г). Сите пријавени се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (2), Крива Паланка (3), Битола (1), Тетово (1), Струга (1) и Пробиштип (1) на возраст од 48 до 92 години. Овие смртни случаи се регистрирани во периодот од 31. јануари до 20. февруари. Од нив, 5 лица се починати во домашни, а 4 лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати, кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.

Слични содржини