Повторно висок број на починати од коронавирус откако Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа регистрирани се 22 починати лица.
Петмина од починатите се од Скопје (53г, 69г, 69г, 75г и 75г), по 2 починати од Битола (74г и 85г), Велес (68г и 93г), Куманово ( 78г и 82г ) и Свети Николе ( 52г и 78г) и по едно починато лице од Кавадарци (57г), Кичево (65г), Македонски Брод (60г), Неготино (73г), Охрид (65г), Прилеп (82г), Радовиш (81г), Ресен (63г) и Струга (83г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 починати лица од: Делчево (2), Скопје (1) и Пробиштип (1) на возраст од 56г до 79г. Пријавените се починати во период од 04.01.2022 до 26.01.2022г. Од пријавените лица две се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=26), седум лица се целосно вакцинирани, а кај 19 се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 265.101, бројот на оздравени пациенти е 239.581, на починати е 8.338, а бројот на активни случаи изнесува 17.182.