Короната се уште е присутна, ќе се бара оптимална цена за тестовите, вели Ковачевски

од Берта Китинска
186 прегледи

Разговараме со министерот за здравство во однос на количините на тестови кои што ги има во јавното здравство кои се на доволно ниво и во однос на цената која што се нуди во приватното здравство. И нормално ќе треба да се седне заедно и со оние кои што во приватното здравство ги нудат бидејќи се работи за приватни економски оператори и да се види која би можело да биде оптималната цена која би можеле да ја имаме оваа есен бидејќи како што гледаме короната се уште е присутна во светски рамки не само кај нас. Бројките растат, истакна премиерот Димитар Ковачевски од Тетово.

Според него, добро е што е створено одредено ниво на колективен имунитет во општеството.

-Со тоа болничките капацитети не се преоптеретени како што беше при првите бранови во 2020 особено. Целиот здраствен сектор е подготвен, нашите здравствените работници имаат искуство во однос на справувањето исто така и граѓаните имаат поголемо искуство во однос на совата личната заштита и третирање, изјави Ковачевски.

Слични содржини