Короната зема замав: Регистрирани 815 нови случаи од 1.814 тестови

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје, информира дека во последните 24 часа направени се 1.814 тестови, а регистрирани се нови 815 случаи на ковид-19.

Во Скопје – 320, Битола – 63, Куманово – 48, Тетово – 44, Кавдарци – 36, Прилеп – 32, Велес – 27, Гостивар и Струмица – по 26, Охрид – 24, Штип – 23, Кичево – 19, Радовиш – 18, Гевгелија – 17, Неготино – 16, Струга – 13, Кочани – 9, Ресен – 8, Дебар и Берово – по 6, Крива Паланка и Валандово – по 5, Крушево – 4, Свети Николе, Делчево, Виница, Богданци и Демир Хисар – по 3, Македонски Брод – 2, Пробиштип, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (815), регистрирани се 158 реинфекции.

Регистрирани сe 1.252 оздравени пациенти од: Скопје – 375, Битола – 145, Охрид – 127, Куманово и Прилеп – по 80, Тетово – 59, Струга – 55, Велес – 34, Гостивар – 31, Кавадарци – 30, Штип – 28, Кичево – 26, Ресен – 23, Струмица и Дебар – по 21, Неготино – 18, Крива Паланка – 16, Радовиш – 14, Кочани и Демир Хисар – по 11, Крушево – 9, Валандово – 7, Свети Николе и Берово – по 6, Гевгелија и Македонски Брод – по 5, Пехчево – 4, Кратово – 3, Делчево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица од Велес (86г и 74г) починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ се регистрирани две починати лица, од Скопје (88г и 88г), двете лица се починати во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 19-29.07.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.120.452 тестирања на ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 328.995, бројот на оздравени пациенти е 315.083, на починати е 9.377, а бројот на активни случаи изнесува 4.535.

 

Слични содржини