Коронавирус „истекол“ од британската лабораторија, која прва го откри новиот вид. Најголемата лабораторија во Велика Британија, во која се работи на десетици илјади тестови на корона, стана ново жариште.
Британските медиуми тврдат дека лабораторијата се претворила во жариште откако вработените не ги следеле безбедносните процедури.
Од друга страна, Министерството за здравство и социјална заштита негираше дека не биле исполнети безбедносните мерки.
Три од четирите научни тима од лабораторијата во Милтон Кинс се заразени со коронавирусот.
Токму оваа лабораторија го откри првиот, многу заразен вид на мутиран ковид 19 уште во септември, според информациите од јавното здравство на Англија.
Административците и вработените во магацините исто така пријавиле случаи, така што 20 од 70-те членови на тимот биле изолирани, изјави вработен во лабораторија кој инсистираше на анонимност.
Жариштето на коронавирусот се заканува да ја запре работата на лабораторијата, со зголемување на барањата за тестирање, кои надминуваат 70.000 PCR тестови дневно.
Вкупно 47.000 тестови беа обработени во вторникот, додаде анонимен член на лабораторијата, кој за Скај Њуз изјави дека „нема шанси да обработиме 70.000 тестови со ова темпо“.
Новите лабораториски техничари сега се тестираат кога ќе дојдат во лабораторијата и седат во мензата чекајќи ги резултатите, додаде изворот, а вработените во моментов работат во 12-часовни смени за време на новогодишните празници за да исполнат бројните барања за тестирање.