Коронавирус: Како големите градови се справуваат со болеста

од Nikola Popovski
171 прегледи

Коронавирусот сега е пријавен на сите континенти, освен Антарктикот и по првпат се шири побрзо надвор од Кина отколку во земјата каде што за првпат беше откриен.

Луѓето кои живеат во големите градови и работат рамо до рамо се изложени на сериозен ризик од инфекција.

Еве како градовите ширум светот реагираа на многуте досегашни предизвици.

Системите за јавен транспорт создаваат совршено опкружување за пренесување на вируси.

Општо земено, се смета дека вирусите се шират кога капките телесна течност паѓаат на вообичаени површини, откако некој ќе се закашла или ќе кивне.

Сезонските студии на грип покажаа дека луѓето кои користат јавен превоз за време на епидемија имаат шест пати поголем ризик од заболување

Затоа властите од Јужна Кореја, преку Иран, до Италија наредија масовно чистење на површините на возовите, автобусите и станиците.

Училишта

Во земји како Јапонија, Тајланд, Иран и Ирак, училиштата и универзитетите се привремено затворени Сè повеќе, владите ги советуваат училиштата да направат планови за борба против вирусот корона.

Во земји како Јапонија, Тајланд, Иран и Ирак, училиштата и универзитетите се привремено затворени.

Властите во Велика Британија и Америка не советуваат затворање, но четири училишта во Англија откажаа часови за „темелно чистење“ бидејќи учениците се враќаат од скијање во Италија.

На родителите кои неодамна патувале со своите деца во најранливите области – Иран, Кина, Хонг Конг, Јужна Кореја, Југоисточна Азија и северна Италија – им се советува да останат дома.

Канцеларии

Во Сан Диего и Сан Франциско, каде е прогласена вонредна состојба, на вработените им се советува да не се ракуваат. Коронавирусот влијае на работните места во некои од најважните светски технолошки центри.

Фејсбук ја откажа својата годишна конференција закажана за март, а голем број спонзори и изложувачи се повлекоа од една од најголемите конференции во светот за компјутерска безбедност во Сан Франциско.

Американските центри за контрола и спречување на болести (ЦДЦ) издадоа упатства кои им препорачуваат на работодавците да охрабрат работа од дома, особено ако вработените имаат треска или респираторни проблеми.

Болници

Бидејќи нема лек или вакцина за новиот коронавирус, болниците се обидуваат да ги ублажат симптомите.

Советот е да ги ставите пациентите во изолација, а персоналот мора да носи заштитна облека.

Здравствените служби во САД и Велика Британија предвидуваат дека доколку се појави пандемија, болниците ќе ги одложат случаите кои не се итни и ќе воведат почести телефонски консултации со граѓаните.

Постојат загриженост како некои болници ќе се справат со големиот број на пациенти кога нивниот капацитет е веќе на граница.

Мерки за изолација

Во Велика Британија, од луѓето што патуваат од погодените области се бара да се стават во карантин.

Кинескиот град Вухан, епицентарот на сегашната епидемија во Кина, останува затворено подрачје, како и градовите кои се најпогодени во северна Италија.

Експертите велат дека додека вирусот се шири низ целиот свет, ваквите ограничувања ќе бидат помалку ефикасни.

„Малку држави можат логистички да ги заклучуваат градовите како што направи Кина“, напиша на Твитер. Том Инглсби, директор на Центарот за здравствена безбедност, Џон Хопкинс.

Тој тврди дека „затворањето на градовите би резултирало во разделување на семејства, прекинување на испораката на лекови до луѓето и нарушување на испораката на основна храна и останати залихи“.

„Ваквата одлука може да го блокира и движењето на лекарите, медицинските сестри и медицинските материјали во болниците, како што наводно се случува во Кина“, додаде Инглсби.

BBC